Реал Мадрид остана во трката за шампионската титула во Шпанија, откако со голот на Феде Валверде во третата минута од судиското надополнување го совлада Атлетик Билбао со 1-0. Новак Ѓоковиќ го следеше натпреварот од 32. коло во шпанското првенство од трибините на „Сантијаго Бернабеу“. За многумина најдобриот тенисер на сите времиња беше таму во друштво на пријателите и семејството, а камерите ја снимија нивната реакција на спектакуларниот гол на Валверде, кој му донесе три бода на Реал. Видеото може да го погледнете ТУКА. Реал Мадрид објави и видео на кое се гледа како Ѓоковиќ се дружи и фотографира со играчите на клубот.
🎾✖️⚽️ pic.twitter.com/naZzuNIT9X
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 21, 2025
Меѓу нив беше и капитенот Лука Модриќ, кој размени неколку зборови со одличниот тенисер. Мадридскиот гигант му подари дрес со неговото презиме и број 1, а Ѓоковиќ се фотографираше и со претседателот на клубот, Флорентино Перез.
🚨 Le Real Madrid signe enfin son nouveau lateral droit.
Novak Djokovic portera le numéro 1. pic.twitter.com/gvlxo0vhua
— Edition Merengue (@EditionMerengue) April 21, 2025