🎥 Господине судија, дали малку ви е срам – На една страна Јокиќ, на другата Шеј, иста ситуација, различна одлука

од Љубиша Владимиров
107 прегледи

Четвртиот натпревар од полуфиналната серија помеѓу Денвер Нагетс и Оклахома Сити Тандер предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, особено поради две спорни ситуации што ја разбудија старата дебата за судискиот критериум во НБА.

Навивачите се бесни – трикратниот МВП Никола Јокиќ повторно не доби фер третман. Целиот натпревар беше изложен на груба игра: го влечеа, го удираа и го провоцираа, а судиите најчесто замижуваа.

Од друга страна, Шеј Гилџис-Александер добиваше фаули речиси за секој контакт. Впечатокот кај многумина е дека судиите имаат сосема различен аршин кога се работи за Јокиќ и Шеј.

Кулминацијата беше во споредливи ситуации кај двајцата. По фаул на Хартенштајн врз Јокиќ, судиите не му признаа поени и му доделија само две слободни фрлања. Неколку минути подоцна, во речиси идентична акција, Шеј доби и признати поени и дополнително фрлање.

Фановите се прашуваат: како е можно да има толкава разлика во судиските одлуки за две речиси идентични ситуации? И зошто Јокиќ, и покрај сите свои достигнувања, сè уште не добива почитта што ја заслужува?

Слични содржини