🎥 Манчестер Јунајтед тагува по загубата на свој поранешен фудбалер

од Љубиша Владимиров
142 прегледи

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џо Томпсон, ја загуби битката со тешката болест. Томпсон почина на 36-годишна возраст, по долга борба. Двапати ја победи болеста, но третиот пат не успеа.
На Томпсон во 2013 година му беше дијагностициран Хочкинов лимфом, но само една година подоцна, по голема борба, успеа да се врати на терените.

За жал, во март 2017 година болеста се врати, но тој не се откажа од својот сон. Се врати на теренот и го постигна голот со кој Рочдејл обезбеди опстанок во третата лига.

Веста ја потврди неговиот поранешен клуб Рочдејл, кој објави дека поранешниот играч починал во својот дом, опкружен со семејството. Со соопштение се огласи и Манчестер Јунајтед.

Слични содржини