🎥 Најголемиот малер на светот: Штедеше 10 години за Ферари, го загуби за само еден час!

од Љубиша Владимиров
64 прегледи

Интернетот во Јапонија е преплавен со фотографии од урнат спортски автомобил, „Ферари 458 Спајдер“, сопственост на познатиот музички продуцент Хонкун. Приказната за овој 33-годишен жител на Токио не остава никого рамнодушен, а започнала пред десет години, кога почнал да штеди за својот автомобил од соништата. Хонкун објасни дека штедел цели десет години за да собере доволно пари и да го купи „Ферарито“, кое му било испорачано во среда, на 16 април.

Конечно ја исполнил една од своите најголеми животни желби и веднаш излегол со автомобилот на улиците на јапонската престолнина, пренесува Oddity Central. Додека возел, Хонкун забележал бел чад, но мислел дека доаѓа од други возила. Меѓутоа, работите брзо тргнале наопаку, пожарот почнал да го зафаќа „Ферарито“, па преплашениот сопственик повикал противпожарна единица. Следните 20 минути беспомошно гледал како автомобилот исчезнува во облак од чад, а по интервенцијата на пожарникарите станало јасно дека ништо не останало.

„Мислам дека сум единствениот човек во Јапонија на кој му се случило вакво нешто“, изјави Хонкун, кој го изгубил автомобилот само еден час откако го добил.

„Потрошив 306.000 долари за него, а ми остана само оваа фотографија“, додаде тој.

Одделот за метрополитенска полиција во Токио соопшти дека нема знаци на сообраќајна несреќа со „Ферарито“ и дека истрагата е во тек. Се претпоставува дека пожарот започнал во моторниот дел, но причината сè уште не е утврдена. Иако тажен, Хонкун вели дека му е драго што е жив, бидејќи се плашел дека возилото ќе експлодира.

Слични содржини