Американскиот претседател Доналд Трамп, придружуван од деловни лидери и високопрофилни личности, пристигна во Ријад, Саудиска Арабија, каде започна својата прва турнеја во странство по почетокот на вториот мандат. Трамп беше дочекан со борбени авиони и официјален ВИП прием во Кралскиот двор, организиран од саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман. Главните теми за време на посетата ќе бидат мирот и војната со Иран, како и економските предизвици, вклучително и ефектите на ниските цени на нафтата.
Еден од најважните аспекти на посетата е обезбедување значајни саудиски инвестиции во американската економија, вклучувајќи договори за продажба на оружје во вредност од 100 милијарди долари. Приемот беше толку голем што Трамп и Бин Салман поминале околу еден час ракувајќи се со бројни гости, меѓу кои беа и Илон Маск, Сем Алтман (CEO на OpenAI), Јенсен Хуанг (CEO на Nvidia), како и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој е во контакт со Трамп за Светското првенство следната година.
Некои од најзначајните деловни лидери што Трамп ги донесе во Ријад вклучуваат:
-
Стефен А. Шварцман, извршен директор на „Блекстоун Груп“
-
Лари Финк, извршен директор на Блекрок
-
Арвинд Кришна, CEO на IBM
-
Џејн Фрејзер, CEO на Ситигруп
-
Кели Ортберг, CEO на Боинг
-
Енди Џеси, CEO на Амазон
-
Дара Хосровшахи, CEO на „Убер“
-
Рид Хофман, CEO на LinkedIn
Трамп и Бин Салман потпишаа неколку важни договори, вклучително и најголемиот договор за продажба на воена опрема во историјата, вреден 142 милијарди долари. Овој договор ќе вклучува модернизација на саудиските вооружени сили со најсовремена воена технологија и услуги од американски компании. Потпишани се и други договори за соработка во областа на царините, медицински истражувања, судска соработка и развој на вселенски и здравствени капацитети.
Следниот чекор во турнејата на Трамп е учеството на саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад, потоа ќе ја посети историската локација Дирија Ат-Тураиф, дел од светското наследство на УНЕСКО, и вечерта ќе биде одржан официјален државен банкет. По посетата на Саудиска Арабија, Трамп ќе продолжи со својата турнеја низ Блискиот Исток, со следна дестинација Катар.