🎥 Пожар во Чаир: Најмалку шест повредени, евакуирани се околу 100 лица

од Илинка Илиоска
21 прегледи

Најмалку шест лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Тие, според досегашните информации се пренесени на скопските клиники.

Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а биле евакуирани околу 100 лица. Во пожарот била зафатена продавница и магацински простор на Хомакс.

Евакуацијата се уште е во тек а поради густиот чад оневозможено е станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата. Од таа причина станарите се евакуираат од балконите и покривот на зградата со помош на високи пожарникарски скали.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали.

Слични содржини