По објавата на Лука Модриќ дека во сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Сосиедад, клубот реагираше на начин што го трогна целиот фудбалски свет. Реал не објави долга порака, не приреди големо шоу, туку напиша само едно – „Ти благодарам!“ Тоа беше доволно. Еден збор, придружен со фотографија од Модриќ во дресот на клубот, кој кажа сè што требаше да се каже.
Скромно, но полно со емоција, како што прилега за фудбалер каков што е Модриќ – тивок лидер, симбол на класа и посветеност. Навивачите од целиот свет возвратија со илјадници коментари, пораки и видеа во кои се потсетуваат на најубавите моменти од неговата ера во белото. А самото видео што го објави Модриќ – емотивно, лично и полно со благодарност – беше вистинска проштална нота која го допре срцето на секој љубител на фудбалот.
Лука Модриќ помина 12 сезони во Реал Мадрид, откако во 2012 година пристигна од Тотенхем. За тоа време, не само што испиша историја, туку стана и дел од душата на клубот. Со клубот освои:
-
6 титули од Лигата на шампионите
-
6 светски клупски првенства
-
5 европски суперкупа
-
4 титули во Ла Лига
-
2 Купа на Кралот
-
5 шпански суперкупа
Сега, на крајот на ерата, Реал Мадрид избра едноставност. Без спектакли, без големи зборови – само тивка, но длабока почит.
„Ти благодарам!“ – зборот што зборува повеќе од илјада реченици.
🤍 GRACIAS.#GraciasLuka pic.twitter.com/mLhhWtwNty
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 22, 2025