🎥 Трагедија на патот Нови Сад-Инџија: Едно лице загина во судир меѓу училишен автобус и автомобил

од Илинка Илиоска
20 прегледи

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале училишен автобус и патничко возило, на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија. Како што може да се види на снимката од местото на настанот, автобусот се превртел.

Несреќата се случила нешто по седум часот, а возачот на патничкото возило загинал на лице место. На местото на несреќата се гледаат драматични сцени. Како што може да се види на видеото, автомобилот е целосно уништен.

Српските медиуми пренесоа дека има повредени лица и тие пристигнуваат во болницата во Нови Сад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Слични содржини