🎥Биковиќ не знае за кого да навива повеќе Русија и Србија

од Симе Стоиков
195 прегледи

Милош Биковиќ е голема ѕвезда во Русија, каде што со години снима филмови и серии, глумејќи на сѐ подобар и потечен руски јазик.

Како таков, тој беше совршен избор на Фудбалскиот сојуз на таа земја за главната улога во промо видеото снимено пред „братскиот натпревар меѓу Русија и Србија“.

„Зборнаја Команда“ и „Орлови“ ќе се сретнат во среда од 18 часот на стадионот на московски Динамо во пријателски натпревар, кој се очекува со големо нетрпение во Русија со оглед дека земјата е под строги санкции на меѓународната заедница уште од првиот ден на воената интервенција во Украина.

На пат кон стадионот, Биковиќ се обидува да одлучи за кого ќе навива, Русија или Србија и на крајот, на покана на пријател, решава да го следи своето срце и да ги бодри двете (братски) селекции.

Слични содржини