🎥Д-р Даниловски обвинува за скандал: Претседателот на Македонското научно здружение за аутизам не препорачува понатамошно вакцинирање на децата со аутизам

од Nikola Popovski
951 прегледи

Епидемиолог и универзитетски професор, Драган Даниловски упати критики кон неговиот колега доктор и претседател на Македонското научно здружение за аутизам, Владимир Трајковски. Според Даниловски, спорни се ставовите на Трајковски околу вакцинирањето на децата со аутизам и ваквата изјава ја нарекува скандал.

-Иако ниту еден исказ не е точен, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од устата на претседател на „Македонското научно здружение за аутизам“! За 30 секунди е збришана целата (и онака кревка) доверба на народот кон вакцините! Аферим, објави Даниловски.

Во краткиот исечок од видеото, Трајковски вели:

„Кај деца што има аутизам, да бидам искрен, особено и ако има податок…го поврзуваат родителите и сигурни се, гледате дека се високообразовани и разбираат нешто, ја разбираат медицината, јас не би ги советувал понатамошно вакцинирање кај тие деца со аутизам и кај што има доказ дека веројатно вакцината е причинител“.

Како информира д-р Даниловски, изјавата на Трајковски е од 3-ти април на една телевизиска емисија.

Слични содржини