🎥Електричен мотоцикл помина рекордно растојание со едно полнење на батеријата

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Verge Motorcycles постави Гинисов рекорд за најдолго патување со електричен мотоцикл со едно полнење на батеријата.

Моделот TS Pro помина 193 милји или 310,6 километри за време на 16-часовно возење во Лондон, што е нов рекорд.

Некој ќе рече дека просечната брзина од 19,3 км/ч не е многу, но треба да се земе предвид дека тоа се лондонски улици со многу сообраќај и пешаци.

Она што го прави овој рекорд уште поимпресивен е фактот што мотоциклот сè уште имаше 7 проценти од капацитетот на батеријата од 20,2 kWh, што значи дека можеше да помине нешто повеќе од 200 милји доколку тимот не застанеше за да „обезбеди сигурност на податоците“.

Pro доаѓа со електричен мотор поврзан со задното тркало, кој испорачува 139 КС и дури 1.000 Nm вртежен момент. За забрзување од 0 до 100 km/h потребни се 3,5 секунди, додека максималната брзина е 200 km/h.

Слични содржини