Барселона го победи Реал Мадрид со 4-3 во спектакуларно Ел Класико, практично обезбедувајќи ја шампионската титула.
Иако Реал Мадрид поведе со 2-0 благодарение на двата рани гола на Килијан Мбапе, Барселона одговори со четири гола за само 26 минути од првото полувреме.
Стрелци беа Ерик Гарсија, Ламин Јамал и Рафиња, кој постигна два гола. Мбапе го комплетираше „хет-трикот“ во второто полувреме, но тоа не беше доволно за да ги сврти работите.
Анчелоти подоцна се обиде да ја изненади Барселона со претставувањето на младиот Виктор Муњоз, но тој стана вирален хит поради еден потег.
Муњоз влезе во игра во 88-та минута како замена за Винисиус и имаше одлична шанса за гол, но топката заврши кај навивачите и стана тема на дискусија на социјалните мрежи.
Неговото видео е прегледано повеќе од 15 милиони пати, а сите на шега пишуваат дека ова е крајот на неговата кариера и дека никогаш нема да биде толку блиску до постигнување гол во голем натпревар.
@eraftbll He will remember this moment forever😬#realmadrid #barcelona #elclasico #edit ♬ original sound – eraftbl
Виктор Муњоз Вилануева е 21-годишен шпански фудбалер кој моментално игра како крилен напаѓач за Реал Мадрид Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид.
Роден е на 13 јули 2003 година во Барселона, а својата фудбалска кариера ја започна во младинските центри на Сан Габриел, потоа продолжи во Ла Масија (ФК Барселона) и во клубот Дам, а во 2021 година се приклучи на младинската академија на Реал Мадрид.
По сите критики, Муњоз одлучи да ги затвори своите социјални медиуми.
И покрај тешкиот почеток, Муњоз изрази гордост од своето деби и продолжува да се развива како клучен играч за Кастиља, со десет гола и седум асистенции во сезоната 2024/2025.