🎥Ѓоковиќ изведе стриптиз, па се фати за микрофон – отпеа бугарски хит и предизвика делириум во Софија

од Nikola Popovski
206 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Бугаринот Григор Димитров по три сета, 6:4, 2:6, 5:10 во егзибициски меч во Софија.

Ѓоковиќ и Димитров постигнаа атрактивни поени и ја забавуваа публиката во преполната сала на меч кој немаше натпреварувачко значење.

Српскиот тенисер се пошегува со присутните, гестикулирајќи и разговарајќи. Во еден момент му подаде рекет на момче за да одигра поен против Димитров, а потоа размени неколку удари со друго момче.

Потоа двајцата тенисери изведоа стриптиз…

Потоа Ѓоковиќ ја отпеа бугарската верзија на познатата српска турбо фолк песна „Луда по тебе“. Слушнете како звучеше сето тоа:

Слични содржини