Премиерот Христијан Мицкоски синоќа заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на централното градско подрачје на Скопје.
„Вечерна обиколка на плоштадот и дел од Градскиот парк. Се беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје! Го посетивме и Луна Паркот за кој наскоро се започнува постапка за негова реализација“, објави премиерот на социјалните мрежи.
Со своја објава се согласи и градоначалникот Ѓорѓиевски.
„Вечерна обиколка на Скопје со премиерот, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори. Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација“, порача градоначалникот.