Можеби најпопуларниот тим за коментирање во студио го изгради CBS Sports за натпреварите од Лигата на шампионите, составен од Џејми Карагер, Тиери Анри и Мика Ричардс, заедно со водителката Кејт Абдо. Сепак, Карагер оваа среда не беше во студиото, каде што беше заменет со Алесандро Дел Пјеро, но доби посебна задача.
Легендата на Ливерпул отпатува во Дортмунд на натпреварот помеѓу Борусија и Пари Сен Жермен и се чинеше дека одлично се забавуваше. Карагер цел ден беше со навивачите на Борусија, а за време на мечот беше во „жолтиот ѕид“. Атмосферата го понесе, па испил значително количество алкохол и во таква состојба се појавил во живо.
„Дали си доволно трезен за да го направиш интервјуто?“ беше прашан Карагер од водителката Кејт Абдо пред интервјуто со фудбалерот на Борусија, Џејдон Санчо во микс зоната. „Добро прашање затоа што не јадев премногу. Јадев чизбургер околу два и пол кога стигнав во хотелот. Тоа може да објасни зошто јазикот ми се плетка. Испив околу осум пива во „жолтиот ѕид“, јас имам ново семејство и пријатели“, одговори Карагер.
Заедно со Карагер, Санчо го интервјуираше Петер Шмајхел, а кога заврши „сериозниот“ дел, Карагер го праша својот сонародник: „Ако се пласираш во финалето, може ли да испиеме неколку пива заедно?“ Санчо му одговорил дека не пие и така го разочара.
Sit back, relax, and enjoy @Sanchooo10's postgame interview with @Carra23 and @Pschmeichel1 🤣 🖤💛 pic.twitter.com/51ofqzbDOW
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 1, 2024