🎥Избегната катастрофа во Велес: Спречена експлозија на над 80 тони гас

од Nikola Popovski
62 прегледи

Вчера се случувала опасна драма во близина на градот Велес, кога избил пожар во кругот на старата фабрика „Порцеланка“. Таму се наоѓаат повеќе големи цистерни со гас, а пожарот бил сопрен на стотина метри од садовите со гас. Ова денеска го обелодени првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пред да дојде воздушната поддршка, велешките пожарникари успеале да воспостават контрола и да го изгаснат пожарот.

-Можеше да се случи вистинска катастрофа затоа што овде има најмалку 80 тони гас, распоредени во складовите, информира Ангелов.

На другиот крај од кругот на фабриката, има уште 7-8 цистерни, исто така со гас.

МВР е на терен и се истражува кој го подметнал опасниот пожар.

Слични содржини