Израелската војска објави снимка од внатрешноста на тунелот во Газа каде шест заложници беа држени во ужасни услови откако нивните тела беа пронајдени од израелските сили на 1 септември. Да потсетиме дека заложниците биле убиени непосредно пред да стигне израелската војска до нив.
Телата се пронајдени во подземен тунел во областа Рафа на југот од Појасот Газа. Сите шест лица беа киднапирани за време на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври минатата година, соопшти армијата.
Силите на израелската армија ги именуваа заложниците: Кармел Гат, Еден Јерушалми, Херш Голдберг-Полин, Александар Лобанов, Алмог Саруси и наредникот Ори Данино. Портпаролот контраадмирал Даниел Хагари соопшти дека првичната проценка е дека тие биле „брутално убиени од терористите на Хамас“ непосредно пред војниците да стигнат до нив.
The bodies of Carmel Gat, Eden Yerushalmi, Hersh Goldberg-Polin, Alexander Lobanov, Almog Sarusi, and Master Sergeant Ori Danino were found and recovered yesterday.
They were all taken hostage on October 7 and were murdered by the Hamas terrorist organization while in captivity… pic.twitter.com/9VWYHNX0Ks
— Israel Defense Forces (@IDF) September 1, 2024
Откако беше потврдена смртта на Голдберг-Полин, американски државјанин, американскиот претседател Џо Бајден рече дека е „уништен и огорчен“ од веста. Бајден во изјавата истакна и дека Херш бил меѓу невините кои биле брутално нападнати додека присуствувале на музички фестивал за мир во Израел на 7 октомври.
„Тој ја загуби раката помагајќи им на пријатели и странци за време на дивјачкиот масакр од страна на Хамас. Само што наполни 23 години. Планирал да патува низ светот. Ги запознав неговите родители, Џон и Рејчел – тие беа храбри, мудри и силни иако го издржаа незамисливото“, рекол неодамна Бајден.