🎥Контроверзниот европратеник Белери гаѓан со јајца и јогурт по излегувањето од албанскиот Парламент

од Nikola Popovski
138 прегледи

Поранешниот градоначалник на јужната албанска општина Химара, моментално пратеник во Европскиот парламент, Фреди Белери бил гаѓан со јогурт и јајца откако го напуштил албанскиот парламент во Тирана.

Белери бил мета на независен активист, Дилавер Нел, пренесува „Kosovo online“, обвинувајќи го дека е одговорен за вооружениот напад врз албанската воена база во Пескепа во 1994 година, кога биле убиени двајца албански војници.

Белери престојува во Тирана како дел од групата европратеници кои денеска и утре ќе одржат средби во главниот град во рамки на 18. состанок на парламентарната комисија за стабилизација и пристапување на Албанија во Европската унија.

Фреди Белери, кој е етнички Грк, беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија на 14 мај 2023 година, под обвинение за купување гласови. Во март годинава беше осуден на две години затвор. Од грчка страна ја доведоа во прашање правичноста на судскиот процес против него и јасно ставија до знаење дека тоа може да ја загрози европската интеграција на Албанија.

По изборот за европратеник, Белери им се заблагодари на Грците кои „го почестија со својот глас“ и ја опиша веста како „победа на светлината над темнината“.

Слични содржини