🎥Кралот на Шпанија непријатно пречекан во Валенсија, го спасуваше полицијата

од Nikola Popovski
84 прегледи

Шпанскиот крал Фелипе VI се соочи со гневниот народ за време на посетата на регионот Валенсија, кој е погоден од невидени поплави. Дел од нив фрлаа со кал кон кралот кој беше опкружен од личното обезбедување и полициски службеници.

На видеото може да се види разгневената толпа која извикува „убиец“ и „срам“ кон кралот, прашувајќи го зошто ништо не е преземено за да се избегне трагедијата, јавуваат шпанските медиуми.

Најлошите поплави во Шпанија во последните децении оставија цели населби покриени со кал и преполни со оштетени автомобили и отпад.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во поплавите, а многумина се водат за исчезнати. Вработените во итната помош продолжуваат да ги пребаруваат подземните паркинзи и тунелите со надеж дека ќе најдат преживеани и ќе извлечат тела.

Луѓето се гневни бидејќи немало предупредување и недоволна поддршка од надлежните по поплавите. Кралот Фелипе и кралицата Летиција ја посетија Паипорта, град кој беше тешко погоден.

Во саботата, шпанскиот премиер Педро Санчез нареди помош од дополнителни 10.000 војници, полицајци и цивилна стража во областа.

Додаде дека е свесен дека одговорот „не бил доволен“ и признал дека има „тешки проблеми и недостатоци“.

Слични содржини