🎥Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Богојавление, ја почитува традицијата

од Vladimir Zorba
410 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин се капеше во ледена вода, одбележувајќи го православниот празник Богојавление, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Да, тоа го направи за да го одбележи Богојавление според традицијата – рече Песков одговарајќи на прашањето дали претседателот се капел на еден од најголемите христијански празници, пренесува ТАСС.

Во 2018 година, Кремљ за прв пат објави дека Путин учествувал во капењето за Богојавление.

Според Песков, рускиот претседател и претходно ја почитувал оваа традиција, но тоа не било обелоденето.

Минатата година, на Богојавление, Путин се капеше во ледена вода во Подмосковље.

Православните христијани го слават Богојавление на 19 јануари, а во Русија тој празник традиционално е проследен со масовно капење во ледена вода во специјално исечени дупки во мраз.

Православните верници денеска го слават Богојавление-Водици, како спомен на настанот кога Свети Јован го крсти Исус Христос во Јордан.

Слични содржини