Ниту синоќешното дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Турскиот куп не помина без инциденти, при што дури три црвени картони беа поделени во финишот. На три минути пред крајот, во близина на двете клупи имаше голема гужва и неколкуминутен прекин, па натпреварот беше продолжен за 11 минути.
Возбудувања имаше и во судиското надополнување, а на крајот на теренот заврши тренерот на гостите Окан Бурук. Во директниот пренос не се виде што точно се случило, но потоа на социјалните мрежи се појави видео.
Тренерот на домашните, Жозе Мурињо му пришол на колегата од Галата и го фатил за нос, по што тренерот на гостите паднал како „покосен“ на тревата…По ова, сигурно се очекува нова казна за Португалецот кој веќе беше суспендиран неколку натпревари во текот на сезоната.
Jose Mourinho’dan Okan Buruk’a fiziksel müdahalepic.twitter.com/mAdbBG6bW6
— Sporx (@sporx) April 2, 2025
Што се однесува до мечот, Галатасарај победи со 2-1 со двата гола на Виктор Осимен и се пласираше понатаму во Турскиот куп.