🎥Маск ќе ја „сече“ бирократијата – доби моторна пила на собирот на конзервативците

од Nikola Popovski
73 прегледи

Илон Маск, кој го предводи американското Одделот за владина ефикасност (DOGE), зборуваше на конференцијата на американските конзервативци (CPAC) во Вашингтон држејќи подарок – моторна пила што претходно му ја подари аргентинскиот претседател Хавиер Милагрос.

„Ова е пила за бирократијата“, рече Маск, кревајќи ја пилата во воздух, пренесе Ројтерс.

На црвената метална пила била изгравирана порака од аргентинскиот лидер на шпански: „Viva la libertad, carajo“.

Сопственикот на „Х“ и „Спејс Икс“ се појави на сцената носејќи темни очила и црна капа со натписот „MAGA“ (Make America Great Again).

Маск изјавил дека пред една година не мислел дека денес ќе биде во администрацијата на Трамп.

„Се трудиме да правиме добри работи, но во исто време се забавуваме и имаме добра смисла за хумор“, рекол тој пред присутните на собирот. Потоа навел неколку работи кои, како што вели, го натерале да почне да ги поддржува републиканците.

Од почетокот на функцијата, Маск спроведува значителни кратења во американската влада кои се однесуваат на банкарските работници, научниците во областите на ракетната технологија и десетици илјади други државни службеници. Американската служба за даночни приходи вчера објави дека 6.000 вработени ќе бидат отпуштени.

Слични содржини