🎥Милан активен во преодниот рок: На Сан Сиро пристигна и Жоао Феликс

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Жоао Феликс е зимско засилување на Милан. Португалскиот интернационалец во понеделникот пристигна во италијанскиот град, а според пишувањата на странските медиуми тој веќе е пријавен за Серија „А“.

Жоао Феликс е позајмен на „росонерите“ од Челси до крајот на сезоната – но без опција за откуп. Оваа зделка го чинеше Милан 5.500.000 евра, а играчот веќе потпиша договор и ги помина медицинските прегледи.

Португалецот минатото лето потпиша седумгодишен договор со Челси кој на Атлетико Мадрид му плати 52 милиони евра, но не успеа да се наметне во Лондон. Оваа сезона тој забележа седум гола и две асистенции на 20 натпревари, но помина повеќе време играјќи во други натпреварувања отколку во Премиер лигата.

Феликс пристигнува на „Сан Сиро“ за да го замени Ноа Окафор, кој беше позајмен во Наполи со опција за откуп за 23 милиони евра.

Беше многу напорен ден за Милан, кој ги најави доаѓањата на Сантијаго Хименез, Рикардо Сотиљо и Ворен Бонд.

Слични содржини