„Власта на Ковачевски и Ахмети има само една силна страна – успешно знае како да влезе од грешка во грешка. Но, неуспехот е голем, таа фатална грешка од попустливата надворешна политика која ја водеа, ја чини Македонија ново столче. И повторно, тоа столче не е на масата на ЕУ, туку во чекалната“, изјави денеска Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Високите европски претставници сметаат дека Македонија не е спремна да ги започне преговорите со ЕУ не поради Бугарија, туку поради високото ниво на криминал и корупција во врвот на власта.
Додека ги манипулираа граѓаните и се криеја зад европските вредности, во Македонија проширија епидемија на корупција. Сржта на проблемот за ненапредокот на Македонија и немањето почеток на преговори со ЕУ е во немањето правна држава, поради владеењето на криминалот и несправувањето со корупцијата. За сите овие работи зборуваа сите наши стратешки соработници, дипломати, меѓународни организации, но Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ мислеа дека ќе успеат да го сокријат тоа зад името кое сами си го дадоа – проевропска влада“, посочи Митева.