Градоначалникот на Општина Крива Паланка и актуелен кандидат за нов мандат, Сашко Митовски објави видео на социјалните мрежи објави на кое се гледа како униформиран полицаец носи рекламен изборен материјал.
„МВР, дали сте партиски штаб или институција во служба на државата и граѓаните ? Униформа не се носи за делење на топки и рекламен матријал ( и тоа за работно време) -туку за заштита на граѓаните!
Срамота е ова и за службата, и за државата.“, стои во објавата на Митовски.