🎥Мурињо по дербито влезе во соблекувалната на судијата Винчиќ и откри што му рекол на Словенецот

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Веста дека Жозе Мурињо влегол во соблекувалната на судиите по дербито Галатасарај-Фенербахче беше очекувана, но епилогот од настанот беше неочекуван.

Имено, откако Галатасарај и Фенербахче одиграа меч без голови, Мурињо реши да оди во соблекувалната на судиите и да разговара со Славко Винчиќ.

Поради наелектризираната атмосфера која владее со години кога е во прашање дербито Галатасарај и Фенербахче, Турската фудбалска федерација реши да донесе странски судија, а изборот падна на 45-годишниот Словенец.

Мурињо, вечно незадоволен од арбитражата во турската лига, овојпат не се соочи со Винчиќ, туку му честиташе за добро завршената работа.

„После натпреварот, отидов во соблекувалната на судиите. Му реков на Винчиќ: „Благодарам што дојдовте и го судевте овој голем натпревар“. Таму имаше и турски судија, а јас му реков: „Да судеше турски судија, ќе беше катастрофа. Винчиќ беше коректен во многу тешка судиска средина и е една од причините зошто натпреварот беше добар. Се надевам дека турските судии го гледаа ова и ќе си кажат дека отсега треба да судат праведно, па лигата нема да биде циркус како што беше“, рече Мурињо, чиј Фенербахче заостанува шест бода зад лидерот Галатасарај.

Слични содржини