🎥Мурињо стана хит поради реакција на новинарско прашање – се преправаше дека спие

од Nikola Popovski
37 прегледи

Фенербахче доживеа неочекуван пораз од 1:3 на домашен терен од шкотски Глазгов Ренџерс и стигна на работ на испаѓање од Лигата на Европа. Турскиот тим доминираше со 64 отсто посед на топка и имаше 23 удари кон голот, но за една недела ќе треба да се обиде да ја надополни негативата од два гола во реваншот на Ајброкс.

Тренерот на турскиот тим, Жозе Мурињо стана хит на социјалните мрежи поради неговата реакција на прес-конференцијата по натпреварот. Тој не криеше колку е уморен од новинарско прашање на турски новинар, кое заедно со преводот од турски на англиски јазик траеше дури 45 секунди.

Отпрвин внимателно слушаше, но како што прашањето стануваше подолго, изразот на лицето покажуваше дека го губи трпението. По околу 20 секунди, тој ја спушти главата, ги затвори очите и почнал да се преправа дека спие, што предизвика смеа кај присутните. Не требаше многу време за реакцијата на Португалецот да стане апсолутен хит на социјалните мрежи.

Слични содржини