37
Жозе Мурињо изведе неверојатен потег кој му донесе жолт картон, но и ги воодушеви фудбалските фанови.
Фенербахче победи со 2:0 кај Анталијаспор во седмото коло, но по натпреварот главна тема е гостинскиот тренер. Имено, во 78. минута, кога резултатот беше 1:0, на Фенер му беше поништен сомнителен гол поради задното поле.
Харизматичниот Португалец по којзнае кој пат покажа зошто со право го нарекуваат Специјалниот. Тој со лаптопот стана од клупата и го стави пред една од камерите со кои се емитуваше натпреварот.
Режисерот веднаш го префрли кадарот на лаптопот, каде беше прикажана ситуацијата кога беше поништен голот на Един Џеко.
Настапот на Специјалниот не му се допадна на судијата Џихан Ајдин, па му додели жолт картон.