Преземањето на репрезентацијата на Португалија или клуб во татковината е многу сигурна можност во наредните години за сегашниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо.
Еден од најдобрите стручњаци на 20 век го кажа ова во изјава за турските медиуми, нагласувајќи дека нема да се врати затоа што нема каде да оди, туку да освојува трофеи.
„Враќањето во Португалија е сигурно. Секако, не сега, но дефинитивно ќе се случи порано или подоцна. И кога го велам тоа, не мислам дека ќе се вратам дома кога мојата кариера ќе биде во опаѓање и немам каде друго да одам, туку сакам да се вратам во Португалија и да освојувам трофеи“, рече Мурињо.
Mourinho garante que vai voltar a treinar em Portugal 👀pic.twitter.com/iEaUxbfCb4
— B24 (@B24PT) July 17, 2025
„Посебни“ нагласи дека сè уште не знае каква работа би можел да има во татковината, но на шега спомена кој клуб дефинитивно не би го презел.
„Не знам дали би можел да бидам тренер на репрезентацијата или да преземам клуб. Знам само дека ќе се вратам со полна сила, кога ќе можам да помогнам. И да, знам дека тоа сигурно нема да биде Портимонензе, бидејќи тој клуб има многу добар тренер“, рече Португалецот по пријателскиот натпревар против споменатиот клуб, предизвикувајќи изливи на смеа.
Во својата татковина, Мурињо беше тренер на два гиганти, Бенфика и Порто, а со вториот клуб во 2004 година успеа да ја освои Лигата на шампионите, што беше неговиот прв голем успех во кариерата.