🎥Објавена снимка од автобусот на Реал: Модриќ плаче, соиграч го теши

од Nikola Popovski
32 прегледи

По 13 години, Лука Модриќ се збогуваше од „Сантијаго Бернабеу“ во саботата на натпреварот против Реал Сосиедад.

Легендарниот капитен на Реал го одигра својот последен натпревар на стадионот во Мадрид, а на крајот од сезоната, по Светското клупско првенство, ќе се збогува со Реал.

Реал објави видео од автобусот на пат кон стадионот. На неа се гледа како емотивниот 39-годишен Модриќ во еден момент се расплакал. Тој бил утешен од неговиот соиграч Лукас Васкез, уште еден фудбалер кој го напушта Реал.

Слични содржини