🎥Полицајка загина во терористички напад во Лвов, 24 лица се повредени

Градоначалникот на Лвов, Андриј Садовиј го нарече инцидентот терористички чин

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: mvs.gov.ua

Во детонации на експлозивни направи во Лвов, на западот од Украина, една полицајка загина, а 24 лица се повредени, соопшти денеска тамошната полиција.

„Прелиминарно, беше утврдено дека експлозивните направи биле рачно изработени“, соопшти полицијата на „Телеграм“, пренесува Ројтерс.

Објавено е дека првата експлозија се случила кога патролата пристигнала во продавница каде што се случила кражба, а втората малку подоцна.

Градоначалникот на Лвов, Андриј Садовиј, го нарече инцидентот терористички чин.

Убиената вработена е идентификувана како 23-годишната Викторија Шпилка. Таа е родена во Волинската област, а подоцна се преселила со родителите во Херсонската област.

Викторија дипломирала на Државниот универзитет за внатрешни работи во Лавов и се приклучила на патролната полиција, прво служејќи во Херсонската област, а од 2023 година во Лавовската област. Лани наесен се омажила, а нејзиниот сопруг е исто така патролен службеник.

Слични содржини