🎥ПРВИТЕ ВИДЕА ОД ИРАНСКИОТ НАПАД НА ИЗРАЕЛ: Вака изгледа во моментов НЕБОТО НАД Блискиот исток

од Vladimir Zorba
500 прегледи

Во текот на вечерта Иран лансираше десетици беспилотни летала камикази кон Израел.

Според израелските медиуми, повикувајќи се на израелско и американско разузнавање, десетици беспилотни летала летаат од Иран до Израел.

Според проценките, потребни се неколку часа за беспилотните летала да поминат толкаво растојание, а засега нема изјава од израелските одбранбени сили (ИДФ) за нападот.

Имено, портпаролот на ИДФ Даниел Хагари изјави дека нивните сили се борат да спречат авиони да навлезат на израелска територија, пренесува АТВ.

Меѓу другите, Јемен го затвори својот воздушен простор, а како што може да се види на Flight Radar, авиони го обиколуваат целиот Блиски Исток.

Во текот на вечерта на 1 април, израелските воздухопловни сили ја нападнаа зградата на иранскиот генерален конзулат во главниот град на Сирија, Дамаск. Сириското Министерство за одбрана појасни дека во нападот целосно е уништена зградата на иранскиот конзулат.

Потоа, како што јави агенцијата Тасним, пет лица загинаа, а 12 беа повредени, додекаиранскиот амбасадор во Сирија изјави дека Техеран решително ќе одговори на акциите на Израел.

Слични содржини