🎥Роналдињо му се заблагодари на Вучиќ и најави присуство на „Експо 2027“

од Nikola Popovski
180 прегледи

Познатиот екс-фудбалер од Бразил, Роналдињо му се заблагодарил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ што го поканил да ја посети специјализираната изложба „Експо 2027“, која за две години ќе се одржи во Белград.

„Ве поздравувам претседателе Вучиќ, ви благодарам за поканата за учество на ЕКСПО 2027. Се гледаме наскоро“, изјавил Роналдињо, пренесуваат дел од медиумите блиски до српските власти.

Вкупниот финансиски ефект од специјализираната изложба Експо 2027 во Белград, според сегашните процени, би требало да надмине една милијарда евра. Од тоа, околу 600 милиони евра би требало да бидат директен ефект, додека околу половина милијарда евра се очекуваат како индиректен економски профит. Сепак, многу поголем финансиски ефект се очекува од инвестициите што ќе ѝ претходат на самата изложба, во чии рамки се планираат национален стадион и нова саемска зграда во комплексот каде што ќе се одржува самата изложба, заедно со голем број сообраќајници, како и станбен простор.

Почетокот на изложбата/саемот е закажан за 15. мај 2027., а ќе биде затворен на 15. август истата година. Белградската, ќе биде прва светска изложба во историјата што ќе се одржи во Србија, како и на просторот на поранешна Југославија.

Експо е светска изложба на се’ и сешто, но најмногу на технолошките достигнувања што ги има постигнато човештвото до овој момент. Овој саем се оддржува секој 4 години во различни градови на Европа за чие организирање треба да се добие согласност од државите членки на Светската изложбена организација.

Слични содржини