Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е суспендиран поради грозниот гест кој го направи на стадионот во Саудиска Арабија, пишуваат британските медиуми.
Роналдо доби суспензија од два натпревари, што е исто така блага казна, бидејќи вулгарно одговори на дел од навивачите кои го скандираа името на Лионел Меси.
Португалецот ја доближи раката до меѓуножјето и (претпоставувам) симулираше како да мастурбира на мечот со Ал Шабаб.
🚨🚨| Cristiano Ronaldo is set to be INVESTIGATED for a gesture he made towards fans chanting for Lionel Messi.
[@MailSport] pic.twitter.com/2ZJd97Y6jr
— CentreGoals. (@centregoals) February 26, 2024
Фудбалерот на Ал Наср доби парична казна и ќе биде „удрен по џеб“, иако не се наведува колкава е висината на казната што ќе треба да ја плати.
Познато е дека оваа казна ќе биде занемарлива со оглед на тоа колку пари заработува во Саудиска Арабија од крајот на 2022 година, што е 200 милиони евра годишно.
Роналдо би требало да ги пропушти следните два натпревари против Ал Хазем и Ал Раед. Помеѓу тие два меча од првенството на Саудиска Арабија е натпревар против Ал Аин во азиската Лига на шампиони.