Јелена Розга минатиот викенд пееше пред публика во Македонија, на преполниот плоштад во Берово. Таму ги изведе своите најголеми хитови како „Опиум“, „Размазена“ и „Опрости мала“, како и нејзината најнова песна „Лавица“.
Розга реши да го помине времето на пауза од настапот во познато македонско одморалиште, каде се дружеше со елени и покажа како ги храни.
Видеото од оваа прекрасна средба пејачката го објави на својот Инстаграм со краток опис: – Прекрасен ден во одморалиштето.
Во коментарите и одговорија бројни следбеници, меѓу кои и нејзината колешка Нина Бадриќ која напиша: „Уживанција“.
Имаше и хумористични: – „Јелена со елени“, „Меѓу своите…“ -, а повеќето уживаа во слатките сцени: – „Слатко“, „Најубавата секогаш, прекрасна“, „Ајде љепото наша “, „Колку слатко“ – фановите упатија комплименти за видеото кое можете да го погледнете на линкот подолу.