2,2K
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска информираше дека се срушил дел од потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар над Детската клиника. Постои голема опасност да падне и целиот ѕид.
Ангелов вели дека за ова предупредувал цела година, но дека не наишол на слух од институциите.
Тој тврди дека до ваквата состојба дошло поради подземните води. Од едната страна на ѕидот има паркинг, а од другата е улица „Белградска“.
Тој апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.