🎥Шарас: Се обидовме да го донесеме Леброн…

од Vladimir Zorba
144 прегледи

По победата против Анадолу Ефес во градското дерби од второто коло на Евролигата, тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус одговори на прашањето дали бара играч кој ќе го замени повредениот Скоти Вилбекин.

Литванецот во свој стил одговори:

„Да, се обидовме да го ангажираме Леброн Џејмс, но поради неговите договорни обврски со Лос Анџелес Лејкерс, тој нема да може да дојде“, изјави многу сериозен Јасикевичиус.

По два меча, Фенербахче има максимален учинок, а во следното коло ја пречекува Црвена звезда (вторник, 15 октомври 19:45 часот).

Слични содржини