🎥Скопјанец фатен со пет килограми марихуана во „ауди“ на „Илинденска“

Лицето ја набавило дрогата за понатамошна продажба на подрачје на Скопје

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: МВР

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27.01.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А. (36) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл. 215 став 1 од КЗ.

На 26.01.2026 на булевар „Илинден“ во Скопје, при извршен преглед на патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А., полициски службеници пронајдоа две патнички торби во кои имало марихуана. Н.А. ја набавил дрогата за понатамошна продажба на лица на подрачје на град Скопје.

Тој е лишен од слобода, а по извршеното вештачење утврдено е дека во торбите имало вкупно 4999,2 грама марихуана. Н.А. е изнесен пред судија на претходна постапка, при што одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.