🎥Снимка од Монте Карло ги загрижи фановите на Ѓоковиќ

од Nikola Popovski
725 прегледи

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се појави пред камерите на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, но еден детал на неговото око ги загрижи сите фанови.

Ѓоковиќ го очекува нов голем турнир, овој пат во градот во кој живее. Монте Карло е неговата дестинација веќе подолго време, па истакна дека Мастерсот во овој град е еден од најважните турнири во годината.

Тоа ќе биде 18-ти настап за Ѓоковиќ во Монте Карло. Тој пред камерите на официјалната страница на турнирот истакна дека е убаво по сите овие години да се врати на турнирот, особено затоа што живее таму и затоа што таму се родени неговите деца.

Сепак, еден детал ги загрижи сите фанови. Тоа е изгледот на неговото око кое е инфицирано. Инфекцијата трае уште од финалето на Мастерсот во Мајами, кое неочекувано го загуби од Јакуб Меншек, а се уште не поминала. За што точно се работи, тој никогаш не откри.

“Убаво е да се игра овде сите овие години. Отсекогаш уживав во Монте Карло, местото каде што живеам со години и местото каде што се родени моите деца. Многу добро ги познавам терените и сите што работат тука. Клубот е тотално трансформиран за време на турнирот”, изјави Ѓоковиќ.

Доколку инфекцијата се третира правилно, не би требало да има големи последици за Ѓоковиќ и неговиот настап во Монте Карло. Сепак, фановите се загрижени бидејќи тоа не трае долго време.

Инаку, Мастерсот во Монте Карло започна вчера, но Ѓоковиќ на почетокот е слободен и се уште го чека својот ривал.