🎥Сопругата на голема ѕвезда од 90-тите беше застрелана од полицијата сред бел ден: Не сакала да го фрли пиштолот, не се знае дали тој бил вмешан

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Полицијата во Лос Анџелес застрела и ја уби сопругата на рок ѕвезда од 90-тите, откако таа наводно вперила пиштол кон полицајците кои се обидувале да уапсат осомничен за убиство.

Сопругата на басистот на Weezer, Скот Шрајнер, Џилијан Лорен (51), беше приведена во вторникот попладне бидејќи одбила да ги послуша полициските наредби и не го спуштила пиштолот.

Не е познато дали и Шрајнер бил вклучен во инцидентот пред да се појави на „Коачела“.

Целата сага започна со судир на три автомобили. Потоа тројцата излегле од возилото и побегнале. Додека бегале од местото на настанот, полицијата вели дека Лорен излегла од една од блиските куќи со пиштол во раката, но не е јасно дали пукала од пиштолот.

Кога полицајците се обиделе да ја натераат да го фрли оружјето, таа одбила да послуша и еден од полицајците пукал и ја погодил во рамото.

Таа потоа се вратила во куќата, а малку подоцна излегла со кренати раце во знак на предавање. Таа потоа беше обвинета за обид за убиство.

Скот Шрајнер и Џилијан Лорен

Скот Шрајнер и Џилијан Лорен

Полицијата подоцна соопшти дека ловеле осомничен кој се соблекол до боксерите, скокнал во базенот на жителите и почнал да ги наводнува растенијата со надеж дека нема да биде забележан. Лорен потоа излегла од блиската куќа со вперен пиштол во осомничениот. Полицијата и дала неколку наредби да го фрли пиштолот, но таа не го сторила тоа, па еден од полицајците ја застрелал, пренесува Дејли Мејл.

Лорен наводно им рекла на полицајците дека едноставно се обидувала да го одбрани својот дом од осомничениот кој трчал низ населбата. На крајот и тој беше приведен.

Слични содржини