🎥Урнебеснa реакција: Јокиќ за малку ќе паднеше од стол на прес-конференција

од Nikola Popovski
230 прегледи

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа против Лос Анџелес Клиперс во првиот меч од плеј-офот и поведоа со 1:0 во серијата од првата рунда.

Најдобар поединец во домашниот тим беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 29 поени, 12 асистенции и девет скока, а по дуелот имаше и мини-инцидент кој лесно можеше да заврши многу поинаку.

Имено, Јокиќ излегол на стандардната прес-конференција по мечот, седнал на столчето, но за малку ќе паднел од него. Седејќи, Јокиќ промрморел „Што е ова по ѓаволите?“, при што едвај се задржал.

Веднаш погледнал во водителот на пресот, а потоа го сменил столчето, за да не доживее повторно слична непријатност. Можеме да кажеме дека социјалните мрежи ќе се вжештеа доколку центарот на Нагетски навистина паднеше.

Погледнете како тоа изгледаше:

Слични содржини