Ден по вториот генерален штрајк во Србија не стивнува незадоволството на земјоделците. Во Богатиќ кај Шабац, протестите ескалираа кога земјоделците ја блокираа улицата со трактори, што резултираше со судир со жандармеријата.
Како што јавува репортерот на ТВ Нова, ситуацијата во еден момент станала тензична, а во правец на полицијата биле фрлени јајца. Насобраните изразија револт од постапките на властите, посочувајќи дека биле спречени да присуствуваат на земјоделскиот саем.
„Се организиравме да ги паркираме тракторите на страна и да оставиме една лента слободна, да го имаме нашиот панаѓур, нашата сиромаштија. Но наидовме на полицијата и жандармеријата. Ако ние, кои се бориме за нашите права, не можеме да бидеме на саемот, тогаш нема да го има“, рече еден од учесниците на протестот.
Демонстрантите нагласија дека сакале да ја покажат вистинската состојба на земјоделството во Србија, но се соочиле со полициска блокада. „На нашите деца им извадија пендреци“, велат незадоволните земјоделци.
Trenutno u BogOTACićima. 👇👇👇pic.twitter.com/RJocNf6WNA
— Aθαμαη ζαΓλιβλιαηςκι (@atamanzagliblje) March 8, 2025
Според известувачот, полицијата јасно ставила до знаење дека на толпата нема да и биде дозволено да се приближи до влезот на земјоделскиот саем.
„Вашите деца се тука, треба да застанете со овие луѓе, а не да им вадите пендреци. Ние сме сељани, не сме во партија, не можете да не спречите, не сме платеници, не сме човечки талог. Ова е култура, не вие“, им се обратил на полицијата еден од земјоделците.
Протестите во Србија продолжуваат, а незадоволните граѓани најавија натамошна борба за своите права. Во исто време, студентите од Суботица тргнаа пеш кон Белград, каде што е предвидено да пристигнат на 15 март на голем протестен собир.