Изборите завршија време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно, без калкулации и без да се штедам, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка претседател на општинската организација на Ѓорче Петров, соопшти на Фејсбук Костадин Ацевски, кој беше и кандидат за градоначалник на општината.
– Како чин на морална и објективна одговорност за лошите резултати на локалните избори. Верувам дека е исправно и потребно, оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ, вели Ацевски.