Били Ајлиш пред две недели објави нов албум, а особено една песна го привлече вниманието на нејзините фанови од Балканот, кои мелодијата ја препознаа како хитот на Оливер Драгојевиќ и Џибони.
Станува збор за песната „Birds of a feather“ која во моментов има нешто повеќе од два милиони прегледи на YouTube.
Многу слушатели од регионот истакнаа дека американската пејачка потенцијално ја „позајмила“ мелодијата на песната „U ljubav vjere nemam“.
Имено, клавирскиот дел кој се слушна во песната на англиската ѕвезда неодоливо наликува на хитот во изведба на Џибони и покојниот Драгојевиќ.
Таа песна ја напиша Џибони, а се најде на албумот на Оливер „Neka nova svitanja“ од 1994 година.
На TikTok, еден корисник создаде спој од двеte песни за да покаже колку се слични.
@juznijetuznije Da li ste čuli novu pesmu od Billie Eilish i da li vas podseća na U ljubav vjere nemam od Olivera Dragojevića? Obe pesme me asociraju na more, pa sam napravila mashup 🌊🌊🌊 #fyp #fypagetiktok #music #singer #viral #billieeilish #birdsofafeather #cover #uljubavvjerenemam #oliverdragojevic #cover #foryoupage ♬ original sound – juznijetuznije