Били Ајлиш призна дека ја привлекуваат жени

од Stefanija Kuzmanovska

Били Ајлиш, пејачка и текстописец, во саботата во големото интервју за Variety, под слоганот „Power of Women“, откри дека ја привлекуваат жени.

Повеќекратната добитничка на Греми, која веќе неколку години соработува со својот брат Финес, се појави на настанот Hitmakers организиран од магазинот Variety и на црвениот тепих изјави дека не сака да ги открие своите сексуални преференции во разговор со новинари, но се случи што се случи.

„Не сакав. Повторно, од друга страна, зарем не беше очигледно? Мислев дека луѓето веќе го знаат тоа. Искрено, не верувам дека не знаеја. Не зборувам за некои работи, но кога ја видов вашата статија реков – во ред, тоа е кул. Како и да е, јас сум за девојки“, изјави Били Ајлиш на новинарката за списанието Variety.

Во ноемврискито издание Били Ајлиш отворено зборуваше за нејзината наклонетост кон жените.

„Долго време мислев дека немам ништо заедничко со девојките и дека не можам да се идентификувам со нив. Толку многу ги сакам. Ги сакам како луѓе. Ме привлекуваат како луѓе. Навистина ме привлекуваат. Цел живот имам важни односи со жените во мојот живот. Пријателките, мајка ми, братучедките… Иако ме привлекуваат жени, малку се плашам од нив бидејќи се убави“, изјави Били Ајлиш.

Таа ја освои наградата за најдобра музика во филм за песната What Was I Made For, која се појавува во „Барби“ на Грета Гервиг.

Били Ајлиш има два студиски албума и песни за блокбастерите „Барби“ и „Џејмс Бонд“.

Слични содржини