📷🎥Поплави во БиХ: Има жртви, голем број повредени и исчезнати

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Врнежите од дожд во изминатите 24 часа на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница и Крешево предизвикаа големи проблеми кај жителите од тие општини во Босна и Херцеговина.

„Поради големите поплави и одрони, загрозен е голем дел од населението, со информации дека има жртви како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита. Ресорниот министер ја потврди информацијата дека има жртви.

„Сообраќајот, телефонските и интернет конекциите се во прекин. Почнувајќи од Мостар, во Дрежница, големиот порој Дрежанка урна пар мостови, однесе 20-ина автомобили, а засега немаме информации за човечки жртви на тоа подрачје. „Поради свлечиштето непрооден е патот М-17 кон Доња Јабланица“, се наведува во извештајот, додека од терен стигнале информации дека загинале две лица.

„Најтешка е состојбата, според информациите од теренот, во Јабланица и околните места (Бутуровиќ Поље, Острожац, Челебиќи) каде имало голем број одрони по куќи, свлечишта на патишта и поплавување на куќи лоцирани покрај езерото. “, соопшти Цивилната заштита.

Слични содржини