📷🎥Уште една ѕвезда ги прекрши правилата во Кан: 39-годишна актерка пристигна во фустан со длабоко деколте

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Француската актерка Пом Клементиев вчера прошета по црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во фустан со длабоко деколте и покрај строгиот дрес код што неодамна го објави Фестивалот.

Имено, оваа 39-годишна актерка беше дел од филмската екипа „Невозможна мисија: Конечно одмаздување“, која на црвениот тепих ја водеше Том Круз.

Пом Клементиев се појави на настанот без градник, облечена во долг полупроѕирен фустан со длабоко деколте, кој го истакнуваше нејзиното витко тело.

Пом зрачеше со самодоверба во впечатлив фустан со драматични детали на струкот и шлиц до бутовите што ги истакнуваше нејзините долги нозе.

Стајлингот го надополни со сребрени сандали со платформи и впечатлив накит, што дополнително ја нагласи нејзината елеганција. Кога е во прашање нејзината фризура, таа се одлучи за собрана пунџа.

Ве потсетуваме дека организаторите на Канскиот филмски фестивал воведоа кодекси за облекување, кои вклучуваат забрана за „голотија и носење обемни фустани или фустани со набори“, односно фустани што го попречуваат правилниот проток на гости и го комплицираат седењето во киното.

Сепак, иако организаторите изјавија дека секој што не го почитува кодексот на облекување ќе му биде забранет пристап на црвениот тепих, тоа не се случи. Имено, актерката Ван ЌианХуи и моделот Хајди Клум ги прекршија овие правила појавувајќи се во прекрасни фустани со долги перки.

Слични содржини