Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, на социјалните мрежи го одбележа седум годишнината од бракот со принцот Хари. Таа сподели колаж од интимни семејни фотографии кои јавноста никогаш претходно немала прилика да ги види.
„Седум години брак. Патувањето на животот е полно со приказни“, напиша Меган во емотивната објава на „Инстаграм“. „Ви благодариме на сите вас што нè сакате и што не поддржувате во нашата љубовна приказна. Навистина сме благодарни“.
Во објавата, меѓу другото, се најде селфи од 2016 година, кога двојката првпат започнала да се забавува, фотографија од нивното патување во Боцвана и снимка од денот кога се свршиле во 2017 година. Особено трогателни се и семејните фотографии со нивните две деца, принцот Арчи, кој сега има шест години, и принцезата Лилибет, на три години. Во колажот е вклучена и ултразвучна снимка од времето кога Меган била бремена со Арчи, која двојката ја покажа за прв пат во нивниот документарец на „Нетфликс“.
Кралските експерти коментираат дека објавата доаѓа во период кога, иако бракот им останува хармоничен, тие сè повеќе се посветуваат на различни деловни проекти. Според кралскиот аналитичар Ричард Фицвилијамс, Меган има амбиции да стане „милијардер-инфлуенсер“, додека принцот Хари нема таква деловна „бескрупулозност“. Двојката се повлече од официјалните должности во британското кралско семејство во 2020 година и се пресели во Калифорнија, каде сè уште живеат во луксузна вила во Монтесито, вредна 14 милиони долари.
Интересно е што во колажот Меган ја вклучи и фотографијата од својот кралски грб, кој бил одобрен од покојната кралица Елизабета Втора. Некои тоа го толкуваат како суптилна порака до кралското семејство, со кое односите сè уште се затегнати.
View this post on Instagram