📷Албанија ќе гради „Парк на верата“ – симбол на религиозна хармонија во земјата

Се очекува „Паркот на верата“ да стане едно од најважните места во земјата поврзано со меѓуверската толеранција - вредност што ја карактеризира Албанија, пишува АТА.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Албанија ќе гради „Парк на верата“ (Parku i Besimit) – простор што симболизира религиозен соживот и културна хармонија во земјата, објави АТА.

Албанскиот премиер Еди Рама денес на социјалните мрежи го објави победничкиот проект за изградба на „Паркот на верата“, реализиран од светски познатото студио „Bjarke Ingels Group“ (BIG).

Студиото беше меѓу 12 меѓународни компании кои се натпреваруваа со своите проекти за изградба на паркот, а вчера беше прогласено за победник на натпреварот, објави АТА.

Проектот „Парк на верата“ беше високо пофален за својот сеопфатен и иновативен пристап, како и за начинот на кој го отелотворува соживотот меѓу природата, човекот и религиите.

Се очекува „Паркот на верата“ да стане едно од најважните места во земјата поврзано со меѓуверската толеранција – вредност што ја карактеризира Албанија, пишува АТА.

Населението на Албанија од 2,4 милиони жители е околу 50 проценти муслиманско (од кои 10 проценти се бекташки муслимани), а остатокот од населението се католици, православни христијани и други помали религиозни заедници, забележува Асошиејтед Прес.

Според податоците од последниот попис на земјата во 2023 година, со население од 2.412.113 луѓе, верските заедници во земјата се 201.530 католици, 173.645 православни христијани, 9.658 евангелисти, 1.101.718 муслимани, 115.644 бекташи и 85.311 луѓе се изјасниле како атеисти.

Над 332.000 Албанци се идентификувале како верници без да ја наведат својата религија, а 244.331 други не сакале да одговорат.

Слични содржини