📷Антонели положи возачки испит пред дебито во Формула 1

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Андреа Кими Антонели положи возачки испит само шест недели пред неговото деби во Формула 1 во болидот на Мерцедес.

Младиот возач лани во август наполни 18 години, со што ја исполни старосната граница за добивање возачка дозвола во Италија.

Антонели го замени седумкратниот шампион Луис Хамилтон во германскиот тим, што покажува колкава доверба има во него извршниот директор Тото Волф.

Поранешниот возач на Ф2 тимот „Према“ на социјалните мрежи напиша „мисијата успешна“, а Мерцедес му честиташе објавувајќи фотографија од него во возило на автошкола.

Момчето од Болоња веќе извозе неколку илјади километри на патеките на Формула 1, тестирајќи го болидот како подготовка за својата дебитантска сезона.

Андреа Кими Антонели ќе помине три дена во Бахреин од 26-ти до 28-ми февруари на официјално тестирање, заедно со тимскиот колега Џорџ Расел.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 16 март во Австралија.

Слични содржини